Dilara Zengin Okay
20 Јули 2022•Ажурирај: 21 Јули 2022
ВАШИНГТОН (АА) - Глобалната интернет ТВ-мрежа „Нетфликс“ загуби 970.000 претплатници во вториот квартал од 2022 година, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Нетфликс“ објави податоци за бројот на претплатници и висината на приходите на компанијата во периодот од април до јуни оваа година.
Според тоа, приходот во вториот квартал од годината се зголемил за 8,6 отсто во споредба со истиот период минатата година, односно се зголемил на 7,9 милијарди долари.
Приходите на компанијата во вториот квартал во 2021 година изнесуваат 7,3 милијарди долари.
Нето-профитот на „Нетфликс“ во вториот квартал од оваа година се зголеми за 6,5 отсто, односно порасна на 1,4 милијарди долари. Нето-профитот на компанијата во истиот период минатата година изнесуваше 1,3 милијарди долари.
Бројот на претплатници на компанијата во вториот квартал од оваа година се намали за 970.000.
Беше предвидено дека во овој период „Нетфликс“ ќе загуби 2 милиони претплатници.