Elena Teslova
08 Април 2022•Ажурирај: 11 Април 2022
МОСКВА (АА) - Портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков, изјави дека Русија претрпела значителна загуба на војници во Украина, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Ова е голема трагедија за нас“, изјави Песков во интервју за тв-канал „Скај њуз“.
Војната меѓу Русија и Украина, која започна на 24 февруари, предизвика меѓународен гнев, при што Европската Унија, САД и Обединетото Кралство, меѓу другите, воведоа строги финансиски санкции кон Москва.
Најмалку 1.611 цивили се убиени во Украина и 2.227 се повредени, според проценките на ОН, а се стравува дека вистинската бројка е многу поголема.
Според Агенцијата за бегалци на ОН, повеќе од 4,3 милиони Украинци побегнале во други земји, а уште милиони се внатрешно раселени.