Ruslan Rehimov
08 Април 2022•Ажурирај: 09 Април 2022
КИЕВ (АА) - Украинската вицепремиерка Ирина Верешчук изјави дека 4.676 цивили се евакуирани во безбедните зони од регионите на воените дејствија на земјата и дека евакуацијата ќе продолжи во наредните денови, јавува Агенција Анадолија (АА).
Верешчук истакна дека вкупно 3.256 цивили од регионите на Мариупол и Бердјанск под блокада на руските сили преминале во Запорожје со автобуси и свои возила.
Уште 1.420 луѓе од различни делови на украинскиот регион Луганск, исто така, стигнаа до безбедните области.
Војната меѓу Русија и Украина, која започна на 24 февруари, предизвика меѓународен гнев, при што Европската Унија, САД и Велика Британија, меѓу другите, воведоа строги финансиски санкции кон Москва.
Најмалку 1.611 цивили се убиени во Украина и 2.227 се повредени, според проценките на ОН, а се стравува дека вистинската бројка е многу поголема.
Според Агенцијата за бегалци на ОН, повеќе од 4,3 милиони Украинци побегнале во други земји, а уште милиони се внатрешно раселени.