Burhan Sansarlıoğlu
15 Септември 2022•Ажурирај: 21 Септември 2022
ИСТАНБУЛ (АА) - Извозот на Туркије на Балканот се зголеми за 28,7 отсто на годишно ниво до речиси 14 милијарди долари во првите осум месеци од 2022 година, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според податоците собрани од АА од Здружението на турските извозници, покровителна организација на здруженијата на извозници во земјата, Романија беше главната дестинација на турскиот извоз со 4,2 милијарди долари во периодот јануари - август.
По неа следуваат Бугарија со повеќе од 3 милијарди долари, Грција со 1,9 милијарди долари, Србија со 1,2 милијарди долари и Словенија со 1,1 милијарда долари во осуммесечниот период.
Туркије од јануари до август има извршено извоз на стока во вредност од 665,5 милиони долари во Албанија, 485,8 милиони долари во Босна и Херцеговина, 430,9 милиони долари во Северна Македонија, 400,9 милиони долари во Косово, 393,6 милиони долари во Хрватска и 110,2 милиони долари во Црна Гора.