Tuba Onğun
02 Јануари 2023•Ажурирај: 03 Јануари 2023
ИСТАНБУЛ (АА) - Извозот на Туркије достигна историски максимум од 254,2 милијарди долари во 2022 година, објави денес турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, повикувајќи се на прелиминарни податоци, јавува Агенција Анадолија (АА).
„И покрај глобалните предизвици, бројката се зголеми за 12,9 отсто во однос на претходната година“, рече Ердоган при објавувањето на податоците за надворешната трговија за 2022 година.
„Нашата цел е да обезбедиме Туркије да го заземе своето место меѓу првите 10 земји извозници во светот“, рече тој.
Туркиот претседател истакна дека извозот на Туркије во турски лири минатата година достигнал речиси 350 милијарди турски лири (19 милијарди долари).
„Бројот на земји и региони во кои извезуваме со нашата национална валута достигна 197“, додаде Ердоган.