Hakan Mehmet Şahin
02 Јануари 2023•Ажурирај: 03 Јануари 2023
ЕДРЕНЕ (АА) - Тројца припадници на терористичката организација ФЕТО се приведени денес во западниот турски град Едрене при обид да побегнат во Грција, јавува Агенција Анадолија (АА).
Безбедносните сили извршија контрола во забранетата воена зона од прв степен во близина на областа Енез.
При патрола биле забележани, а потоа приведени три лица за кои е утврдено дека се припадници на терористичката организација ФЕТО. Станува збор за лица со иницијали И.О., Р.С. и Г.Б.
Приведените се пренесени во жандармеријата за понатамошно кривично процесуирање.
Терористичката организација ФЕТО стои зад неуспешниот обид за пуч на 15 јули 2016 година во Туркије, во кој загинаа 251 лице, а 2.734 беа повредени.
Истрагата за терористичката организација ФЕТО покажа дека се работи за глобална мрежа која претставува опасност не само за Туркије, туку и за секоја друга земја каде што е активна. Ова во неколку наврати го истакнуваа турските власти.