İrem Demir
02 Јануари 2023•Ажурирај: 04 Јануари 2023
ИСТАНБУЛ (АА) - Над 13 милиони луѓе во 2022 година ја посетиле џамијата Аја Софија во турскиот град Истанбул, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку соопштение објавено на социјалните мрежи ја потврди гувернерот на Истанбул, Али Јерликаја.
Тој на социјалните мрежи објави информација во врска со бројот на луѓе кои ја посетиле џамијата во текот на 2022 година.
„Џамијата Аја Софија, која е аманет на Фатих Султан Мехмед Хан, а која со историскиот потпис на претседателот Реџеп Таип Ердоган беше повторно отворена за богослужба, во 2022 година ја посетија 13.635.229 посетители“, напиша Јерликаја.