свет, економија

Градоначалникот на Њујорк, Адамс, првата плата ќе ја прими во криптовалути

„Њујорк е центар на светот и сакаме овој град да биде центар на криптовалути и други финансиски иновации“, изјави Адамс

Betül Yürük  | 21.01.2022 - Обновена : 24.01.2022
Градоначалникот на Њујорк, Адамс, првата плата ќе ја прими во криптовалути

ЊУЈОРК (АА) - Градоначалникот на Њујорк, Ерик Адамс, соопшти дека првата плата ќе ја добие во криптовалутите биткоин и етереум, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Тој на овој начин уште еднаш ја покажа личната поддршка и желба од Њујорк да направи центар за криптопари.

„Њујорк е центар на светот и сакаме овој град да биде центар на криптовалути и други финансиски иновации“, изјави Адамс.

Откако неодамна беше избран за градоначалник на Њујорк, Адамс препорача криптовалутите и блокчејн-технологијата да се проучуваат во училиштата.

За статусот криптопрестолнина во САД се води жестока борба меѓу Њујорк и Мајами.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın