свет

Норвешката обвинителка: „Брејвик е многу опасен, не треба да му се дозволи условно ослободување“

Обвинителката Хулда Карлсдотир во својот завршен збор рече дека Андерс Бехринг Брејвик „не покажа никакво искрено каење на судот“

Associated Press  | 20.01.2022 - Обновена : 26.01.2022
Норвешката обвинителка: „Брејвик е многу опасен, не треба да му се дозволи условно ослободување“

ОСЛО (АА) - Норвешката обвинителка Хулда Карлсдотир денеска изјави дека десничарскиот екстремист Андерс Бехринг Брејвик, кој во 2011 година уби 77 лица, и понатаму е многу опасен, и дека со самото тоа не е кандидат за условно ослободување по 10 години затвор, како што тоа го дозволува норвешкиот закон, јавува Агенција Анадолија (АА).

На последниот ден од тридневното рочиште за условно ослободување, обвинителката Карлсдотир во својот завршен збор рече дека Андерс Бехринг Брејвик „не покажа никакво искрено каење на судот“.

„По јасното мислење на Обвинителството, барањето на Брејвик за условна слобода не би требало да биде одобрено“, рече Карлсдотир.

Во вторникот започна рочиштето во судницата која поради безбедносни причини е импровизирана во спортската сала на затворот „Скиен“, во кој Брејвик ја отслужува казната.

За време на вчерашното влегување во судница, Брејвик ги поздрави судиите со нацистички поздрав, а во двочасовниот исказ рече дека не сака да вети дека нема да го повтори делото, туку дека сака на судиите да им докаже дека не е насилен милитант. Конечната одлука на судот ја гледа како можност заедницата да му даде или не нова шанса.

Жалејќи се на условите во затворот и недоволната врска со надворешниот свет, Брејвик рече дека ќе продолжи да се бори за превласт на белците и националсоцијалистичката доминација, но во иднина, по мирен пат.

Конечната судска одлука за барањето на Брејвик би можела да биде донесена дури за неколку недели.

Брејвик во јуни 2011 година во центарот на Осло подметна бомба и уби осум луѓе. Неколку часа подоцна, на островот Утоја, во летен камп, изврши страшно злосторство убивајќи од огнено оружје 69 лица. Брејвик во август 2012 година е осуден на 21 година затвор за масовни убиства, предизвикување експлозија и тероризам.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın