[Авторката е докторанд на Универзитетот „Меденијет“ во Истанбул во областа Меѓународни односи со фокус на миграции]
ИСТАНБУЛ (АА) - Пишувањето за миграциите често почнува со констатација дека движењето на луѓето е старо колку и човековата историја. Ова е клише, но и многу реална поента. Миграциите останаа во фокус и во 2021 година како национален и глобален феномен.
Движењето на бегалците од Белорусија кон Полска во последните месеци на 2021 година доведе до тоа миграцијата и бегалците да бидат под безбедносниот чадор, а граничната политика често станува главна точка на дневниот ред. Од турска страна, бегалците повторно станаа тема на државниот дневен ред откако е запалена куќата на Сиријци во Измир на брегот на Егејското Море.
- Бројот и густината на населувањето во бегалските кампови во пораст -
Едно од прашањата за кои е потребно да се разговара за бегалците се условите за живот во камповите во периодот на сѐ поголемото човеково дејствување. Бројот на бегалски кампови е во пораст поради рестриктивните политики на државите, преференциите на бегалците да живеат во кампови и интензитетот на официјалните процеси кои е потребно да се следат за да се добие статус на бегалец.
Според податоците на Агенцијата за бегалци на ОН за 2020 година, низ светот се регистрирани 26 милиони бегалци, а од нив, 22 отсто или 6 милиони живеат во кампови. Кампот „Кутупалонг“ во Бангладеш е еден од бегалските кампови кои се претесни за бегалците и воедно еден од најголемите на светот со капацитет од 800.000 луѓе. Вреди да се спомне дека во овој камп има поголем метеж отколку во американската престолнина Вашингтон.
Зголемувањето на бројот на бегалски кампови поради сѐ поголемото човеково дејствување носи разни проблеми. На пример, пожарите се честа појава, особено во бегалските кампови. Огромен пожар избувна во кампот, во кој главно беа сириски бегалци, во либанскиот град Миније на 31 декември 2021 година.
Минатата година неколку пожари избија во бегалските кампови: во Велика Британија (бараките Напиер) се случи во јануари, во Шпанија (Ниџар) во февруари, во Грција (Солун) и во Бангладеш (Кокс Базар) во март, во Ирак (кампот „Шарја“) во април, во Грција (Самос) во септември и во Италија (Кастелветрано) во октомври. Во 2020 година пожарите го зафатија и грчкиот остров Лезбос во септември и босанскохерцеговскиот камп „Липа“ во декември.
Сите горенаведени пожари не беа со ист интензитет и размери. Меѓутоа, пожарите во Босна и Херцеговина, Грција и Бангладеш важни се поради бројот на луѓето на кои влијаеја и по жртвите кои ги оставија зад себе.
Пожарот во кампот „Липа“ кај Бихаќ, во декември 2020 година, ги уништи животите на речиси 1.400 луѓе. Во септември 2020 година, по пожарот во кампот „Мориа“ на грчкиот остров Лезбос, познат и како најголем во Европа, засолништата за околу 12.000 бегалци станаа неупотребливи. Наведено е дека во кампот „Мориа“ засолниште нашле 20.000 луѓе, иако е изграден со капацитет да прими 3.000 луѓе. Според зборовите на Ева Косе, која во Грција го спроведува истражувањето за „Хјуман рајтс воч“, овие пожари не се изненадување, туку се очекувани.
Во пожарот кој во март 2021 година изби во бегалскиот камп во бангладешкиот град Кокс Базар, каде што засолниште пронајдоа бегалците Рохинџа кои избегаа од режимот во Мјанмар, остави 45.000 луѓе без кров над глава, а 11 лица починаа. Тоа беше еден од 84-те пожари во првото тримесечје во 2021 година. Во кампот на Кокс Базар во текот на 2020 година пријавени се 82. Меѓутоа, повеќето пожари се случиле во првите четири месеци од 2021 година отколку вкупно во 2020.
- Причини за пожарите -
Неодамна се зголеми густината на населението во бегалските кампови во согласност со порастот на движењето на бегалците, како и пожарите во камповите. Невладините организации укажуваат на бројот на пожарите, но наведуваат дека оние кои се подметнати се во помал број.
Неповолните услови во бегалските кампови доведуваат до тоа да се разгледа можноста за подметнување на пожарите. Имено, соопштено е дека пожарот на грчкиот остров Самос е предизвикан со дрва за огрев кои бегалците ги запалиле во шаторите за да се згреат. По пожарот во кампот „Мориа“, изби уште еден поради употреба на електричен систем и кабли во кампот „Кара Тепе“.
Причината за пожарот во кампот „Мориа“ и понатаму е непознат, но постои сомнеж за можно подметнување. Локалните медиуми во Грција ја изнесоа можноста дека пожарот можеби го предизвикале бегалците кои живеат во кампот во знак на протест поради карантинските мерки кои се применуваат поради пандемијата на Ковид-19. Меѓутоа, Орели Понте, од организацијата „Лекари без граници“ рече дека причината за пожарите е имиграциската политика, хуманитарните прашања и насилството кое Грција и Европа го спроведуваат со години. Соопштено е дека четворица бегалци се уапсени и осудени на 10 години затвор поради предизвикување пожар во кампот.
По пожарот во францускиот бегалски камп „Гранде-Синте“ во 2017 година, Франсоа Генок, службеникот на „Auberge des Migrants“, хуманитарна организација за помош на имигранти, најави дека тие веќе нема да дозволат изградба на големи кампови. Според зборовите на Генок, големите кампови ја зголемуваат веројатноста од настанување на пожари, бидејќи бараат сложени електрични инсталации.
- Што да се направи? -
Порастот на масовните и поединечните барања за статус на бегалец го продолжува целокупниот процес на поднесувањето барање за добивање официјален статус на бегалец.
Потоа, државите, кои главно се целни земји на бегалците, избегнувајќи да им дадат статус и повикувајќи се на процедури, прават бегалците во текот на процесот на поднесувањето на барањето да чекаат во камповите што доведува до ограничени можности.
За бегалците кои бегаат од војна и насилство, камповите стануваат како ново борбено поле. Сепак, треба да се напомене дека со зголемувањето на бројот на мигранти, камповите стануваат потрајни за бегалците. Од таа причина, како што е веќе наведено, неопходно е да се подобрат неповолните услови во камповите.
Би требало да се изградат објекти така што бегалците нема да палат оган поради греење или готвење. Меѓународната заедница треба да ја препознае ситуацијата на бегалците кои не можат да ги задоволат своите основни потреби.
Меѓународниот бегалски режим, кој е воспоставен со Женевската конвенција од 1951 година и Њујоршката декларација од 1967 година за регулирање мигрантски движења во Европа по Втората светска војна би требало да стапи на сила по пожарите, главно во бегалските кампови во Европа.
Пожарите во камповите во земјите во развој како што е Бангладеш, каде што инфраструктурните можности кои им се понудени на сопствените граѓани се недоволни, не се сметаат за изненадувачки за меѓународната заедница. Меѓутоа, неможноста на европските земји да доделат инфраструктурни ресурси за такви основни потреби е прашање за кое треба да се разговара.
Покрај сѐ од наведеното, важна е и соработката на меѓународните организации и групи за хуманитарна помош на тој план и да се спроведат инфраструктурни дејствија и мерки за заштита од пожари во камповите за да се отстрани евентуалната штета во текот и по пожарите.
Извори:
[1] UNHCR, "Refugee Camps", https://www.unrefugees.org/refugee-facts/camps/
[2] https://www.infomigrants.net/en/post/30853/fires-in-migrant-camps-most-fires-are-caused-by-bad-wiring
[3] https://www.nytimes.com/2020/08/14/world/europe/greece-migrants-abandoning-sea.html
[4] https://www.aa.com.tr/tr/dunya/turkiye-bangladeste-multeci-kampindaki-yanginda-tahrip-olan-sahra-hastanesini-yeniden-insa-ediyor/2195034
[5] https://reliefweb.int/report/bangladesh/rohingya-refugees-fear-another-disaster-waiting-happen-after-84-fires-just-four
[6] https://www.infomigrants.net/en/post/30853/fires-in-migrant-camps-most-fires-are-caused-by-bad-wiring
[7] https://www.dw.com/en/greece-refugee-camp-fire/a-54861061
[8] https://www.doctorswithoutborders.org/what-we-do/news-stories/news/greece-fires-destroy-europes-largest-refugee-camp
(Текстот изворно е објавен на турски јазик со наслов „АНАЛИЗА - Пожарите во бегалските кампови: Резултат на занемарување“ (ANALİZ - Mülteci Kamplarındaki Yangınlar: İhmaller Yumağı")
* Мислењата изнесени во овој текст припаѓаат исклучиво на авторот и не ја одразуваат нужно уредувачката политика на Агенција Анадолија
news_share_descriptionsubscription_contact
