Dilara Zengin Okay
22 Ноември 2024•Ажурирај: 24 Ноември 2024
ВАШИНГТОН (АА) - Американскиот гигант за е-трговија Амазон објави дека ќе инвестира уште 4 милијарди долари во компанијата за вештачка интелигенција ‘Антропик’, известува Анадолу.
Во соопштението на компанијата се наведува дека Амазон и Антропик ја продлабочиле својата стратешка соработка.
Амазон ќе инвестира уште 4 милијарди долари во ‘Антропик’.
Како што се наведува во соопштението, Amazon Web Services (AWS), кој е примарен обезбедувач на клауд (cloud) на Антропик, отсега ќе биде и негов примарен партнер за обука, при што во иднина, за обука и имплементација на основните модели ќе се користат чиповите „AWS Trainium и Inferentia“.
Амазон во септември 2023 година објави дека ќе инвестира 1,25 милијарди долари во иницијативата за вештачка интелигенција ‘Антропик’, формирана од поранешните директори на OpenAI.
Светскиот гигант за е-трговија инвестираше дополнителни 2,75 милијарди долари во март, зголемувајќи ја вкупната инвестиција во ‘Антропик’ на 4 милијарди долари.
Со новото финансирање, вкупната инвестиција на Амазон во ‘Антропик’ ќе изнесува 8 милијарди долари.