Bojana Stojanovic
06 Мај 2018•Ажурирај: 07 Мај 2018
JAРАК (АА) - Претседателот на Српската радикална партија (SRS), Воислав Шешељ, изјави дека полицијата без причина го забранила денешниот митинг на Партијата во Хртковци бидејќи не постоела никаква опасност ниту по луѓето, ниту по имотот или јавните објекти, јавува Anadolu Agency (AA).
Шешељ беше пречекан со аплауз, а можеа да се видат и маици со натписите Српската радикална партија, како и знамиња со ликот на Шешељ и натписот „Голема Србија“.
Тој во местото Jaрак, каде што полицијата ги блокираше сите пристапи до селото Хртковци во Војводина, рече дека Српската радикална партија закажала митинг користејќи ги своите уставни и законски загарантирани права.
„Без никаква причина, полицијата го забрани митингот. Немаше никаква опасност ниту по луѓето, по имотот, ни по јавните објекти. Сите наши митинзи се секогаш мирни без инциденти, па дури и фамозниот митинг во 1992 година. А тогаш започна јавна кампања на лаги, измислици, дека луѓето се протерувани, дека се фрлени бомби, дека луѓето во вечерните часови биле водени, убивани, ранувани... Најбизарни лаги“, рече Шешељ.
Тој истакна дека досега никој од Хртковци не отишол во Хрватска, да во согласност со законот не го заменил имотот, и сето тоа со посредство на Римокатоличката црква.
„Никогаш, ниту еден Хрват не мораше да бега, не беше убиен, претепан“, додаде Шешељ.
Според него, денешната акција е протест против владејачкиот режим и израз на револт.
Како што објасни, тој на 6 мај1992 година не прочитал список на неподобни граѓани.
Шешељ беше прогласен за виновен за индивидуална одговорност за злосторства против човештвото, кои вклучуваат поттикнување прогон, присилно раселување, депортација и преместување на несрпски цивили во Хртковци во Војводина, Србија.
Провоцирачкиот говор, за кој беше осуден, Шешељ го одржа на 6 мај 1992 година, во селото Хртковци, кога го прочита пописот на Хрвати кои мораа да се иселат, по што од Хртковци, каде што живееја повеќе од три илјади луѓе, главно Хрвати, беа раселени повеќе од 700 лица.
По изрекување на конечната пресуда, Шешељ најави митинг на 6 мај оваа година, на што веднаш реагираше Министерството за внатрешни работи на Србија, наведувајќи дека во ова село нема да има никаков политичка митинг, ниту било каков друг собир на 6 мај.