ТИРАНА (АА) - Министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, во рамки на неговата посета на Албанија, денес во Тирана учествуваше на церемонијата која се одржа по повод почетокот на академската година во Универзитетот „Њу Јорк“ - Тирана, кој е во рамки на Турската фондација Маариф (ТМВ), јавува Anadolu Agency (AA).
На оваа церемонија покрај Чавушоглу, присутни беа и амбасадорот на Турција во Тирана, Мурат Ахмет Јорук, ректорот на универзитетот „Њу Јорк“ - Тирана, Фатос Тарифа, како и претставник од Турската фондација Маариф, Осман Нури, Кабактепе.
Чавушоглу во свое обраќање на оваа церемонија истакна дека и даваат целосна поддршка на ТМВ која е основана пред 2 години, и нуди високо квалитетно образование во 161 училишта во над 30 земји во светот.
Според него, светот се наоѓа во еден период на транзиција, и се соочува со бројни предизвици, почнувајќи од тероризмот па се до климатските промени. Тој рече дека во меѓународните односи, некои земји го избрале унилатерализмот, наместо разноврсноста.
Чавушоглу нагласи дека во преден план, Турција се однесува без нематнувања, но според него, на местата каде е потребно, без колебање знае да користи и цврста моќ, потсетувајќи дека Турција во регионот води борба против бројни проблеми, како што се тероризмот и миграциите.
Шефот на турската дипломатија нагласи дека состојбата во Сирија има хуманитарни последици, и дека во Турција дошле околу 3,5 милиони мигранти од Сирија, и над половина милион од други земји.
„Потрошивме 32 милијарди долари. Дали можете да замислите овие 32 милијарди да беа во нашиот трезор, во нашите банки?“, истакна тој, додавајќи дека дури ниту економските напади на пријателските земји не ќе беа толку влијателни.
Чавушоглу рече дека Турција никогаш не се покае од трошење на овие пари за лицата без заштита, и додаде:
„Затоа Турција се наоѓа на врвот во светот според донирањето хуманитарна помош. Минатата година потрошивме 8 милиајрди долари, САД потрошија 6 или 7 милијарди долари. САД се најбогатата земја во светот. Ова го кажувам само како пример и компарација; САД во 2016 година потрошија 6,3 милијарди долари, додека Турција 6. САД беше на прво место, а Турција втора. Во споредба со 2016 година, Турција за 2 милиајрди долари ја зголеми сумата на хуманитарните помоши. Ова е наш приоритет“.
Чавушоглу истакна дека состојбата во Сирија и Ирак создава последици како тероризмот. „Турција стана единствена земја меѓу земјите од коалицијата која директно ги соочи своите трупи во борбата против ДЕАШ. Другите сојузници и земјите од коалицијата избраа посреднички (прокси) војна. Тие заедно работеа дури и со терористичките организации како ПКК и ЈПГ. Дали ова е двоен стандарт или хипокризија?“, рече Чавушоглу.
Шефот на турската дипломатија рече дека површина од 2.400 километри квадратни во Сирија е исчистена од терористичките организации. „Сега луѓето се враќаат. Доколку луѓето се чувствуваат безбедно во своите домови, тогаш се враќаат. Веќе 260.000 Сиријци се вратија во безбедните места“, додаде тој.
Чавушоглу се осврна и на работите за формирање влада во Ирак, и истакна дека постои потреба од инклузивна и стабилна влада. Според него, се работи за реконструкција на Ирак.
„Турција ќе направи сѐ што е можно најдобро. На конференцијата која се одржа во Кувајт за реконструкција на Ирак, даде ветување за поголема поддршка од сите други земји. Ветивме поддршка од 5 милиони долари за реконстукција на оваа земја“, нагласи Чавушоглу.
Чавушоглу нагласи дека го осудуваат Израел поради користење прекумерна сила во окупираните региони во Палестина, и упати апел до меѓународната заедница за спречување на сите напори кои го поткопуваат дводржавното решение.
- „Западен Балкан не го гледаме како поле за натпревар“
Чавушоглу, истакнувајќи дека е потребно обновување на меѓународните организации го рече следното:
„Меѓународните организации и системи треба да бидат по позастапувачки и повлијателни. Затоа е потребно нивно реформирање. Која политика на Европската унија е задоволителна за Западен Балкан. Обединетите нации дали можат да го претставуваат денешниот свет? Не. Дали се сеопфатни? Не. Дали можат да застапуваат? Не. Дали можат да спречат било каков судир? Не. Дали ОН денеска може со мировни преговори или посредиштво да изнајде решение за било каков проблем или судир?“
Изјавувајќи дека за решавање на светските судири, постои потреба од посилни меѓународни организации, Чавушоглу рече „Советот за безбедност на ОН треба да преземе акција. Треба да биде подемократска и позастапувачка. Како што потцртува нашиот претседател, денес светот е поголем од 5“.
Зборувајќи дека борбата против тероризмот е од големо значење од аспект на демократија и стабилност, Чавушоглу продолжи со зборовите: „Не треба да постојат двојни стандарди во борбата против тероризмот. Турција се бори против голем број терористички организации, како што се ПКК, ЈПГ, ДЕАШ и ФЕТО. ФЕТО во оваа земја е многу активен. Кој на тероризмот му отвара прегратка и со симпатии гледа на него, треба да знае дека оваа терористичка организација, за него ќе стане закана“.
Зборувајќи дека Балканот има посебно место во надворешната политика на Турција и дека таа се труди да даде свој придонес за стабилноста и просперитетот на овој регион, Чавушоглу рече:
„Во потолност ги поддржуваме иницијативите на Западен Балкан во Евро-антланската алијанса. Некои европски земји го гледаат Балканот, особено Западниот Балкан, како поле за напревар со останатите земји. Дури понекогаш, надвор од Русија и останатите земји, го гледаат како поле за натпревар меѓу себе и Турција. Ние Балканот не го гледаме како поле за натпревар со други земји во регионална организираност. Ние го гледаме како простор за подобра соработка. Многу е важно интегрирање на земјите од Западен Балкан во Евро-антланските институции. Денеска Албанија е членка на НАТО и многу сме задоволни од нашата соработка таму.“
Чавушоглу, истакнувајќи го придонесот на Турција со инвестиции во што ги прави во Балканските земји, додаде „Само во Албанија имаме директни инвестиции од над 2,5 милијарди долари и ги поттикнуваме нашите компании да ги зголемуваат своите инвестиции“.
Чавуошглу утре ќе го посети Косово.