Furkan Naci Top
18 Октомври 2018•Ажурирај: 18 Октомври 2018
ТИРАНА (АА) - Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, истакна дека Турција во Албанија има инвестиции со вредност од 2,5 милиајрди долари, јавува Anadolu Agency (AA).
Во рамки на неговата посета на Албанија, Чавушоглу во Тирана имаше состанок со бизнисмените во организација на Стопанската и индустриската комора на Албанија и Турција (АТТСО).
„Албанија не е земја со која имаме регионална соработка, туку таа е вистинска пријателска земја со која имаме долговечни и историски врски“, рече Чавушоглу во свое обраќање на овој состанок.
Чавушоглу истакна дека секој ден се зголемуваат инвестициите на турските компании во Албанија.
„Според нашите бројки, вкупните инвестициите на компаниите кои доаѓаат од Турција изнесуваат околу 2,5 милијарди долари“, додаде тој.
Турскиот министер нагласи дека овие работи даваат голем придонес во зголемување на економскиот развој и стабилноста на Балканот, и дека не се важни само во заработката на пари, туку и во развивањето проектите со жени инвеститори и со економски исклучените групи.
Чавушоглу се осврна и на договорот за слободна трговија потпишан во 2008 година меѓу Турција и Албанија. „Пред да поминат 10 години, видовме дека треба да го разгледаме овој договор. Повторно ќе ги започнеме преговорите со цел во него повеќе да влезат земјоделски производи, и вклучување на услугите и инвестициите. Треба да го разгледаме со разбирањето вин-вин“, нагласи тој.
Чавушоглу истакна дека за нив важни се инвестициите на албанските инвеститори во Турција. „Ќе продолжиме да работиме за да ја зголемине нашиот билатерален трговски обем кој моментално изнесува 411 милиони долари, на 1 милијарда долари“, рече Чавушоглу.
Претседателот на АТТСО, Сејхан Пенџамблигил, нагласи дека оваа комора која брои 60 членки, секој ден работи многу напорно со цел развивање на билатералните односи. „Турските компании обезбедуваат вработување за 10.000 лица во Албанија“, рече тој.