Şerife Çetin
25 Септември 2020•Ажурирај: 26 Септември 2020
АНКАРА
Министерот за надворешни работи на Република Турција Мевлут Чавушоглу реагираше на изјавата на Ненси Пелоси, претседателката на Претставничкиот дом на Конгресот на САД, известува Агенција Анадолија (АА).
„Загрижувачки за американската демократија е подемот на Ненси Пелоси, која со нејзиното примарно незнаење се искачи до позицијата Претседател на Претставничкиот дом на Конгресот на САД. Ќе научите да ја почитување волјата на турската нација“, напиша министерот Чавушоглу на својот профил на социјалната мрежа Твитер.
Американскиот претседател Доналд Трамп во текот на конференцијата за новинари, на прашањето ‘дали ќе се обврзе на мирен трансфер на власта’, Трамп одговори ‘ќе видиме што ќе се случи’, предизвикувајќи реакции кај многумина, меѓу кои и кај Пелоси.
На оваа изјава, Пелоси реагираше со зборовите: „Знаеме Трамп на кого му се восхитува. Путин, Ким Јонг-ун, Ердоган. Меѓутоа, почитуван претседателе, морам да ве потсетам дека не се наоѓате во Северна Кореја, Русија, Турција или Саудиска Арабија. Се наоѓате во САД, со кои управува демократијата“.