Dildar Baykan
07 Октомври 2019•Ажурирај: 07 Октомври 2019
ВАШИНГТОН (АА) - Американскиот претседател, Доналд Трамп, тврдејќи дека претседателката на Претставничкиот дом на Соединетите Американски Држави (САД), Ненси Пелоси, и претседателот на Комитетот за разузнавање, Адам Шиф, се „предавници на земјата“, повика овие луѓе и сите што ѝ помогнале на оваа двојка да бидат разрешени од функциите, пренесува Anadolu Agency (AA).
Трамп на својот твитер-профил продолжи да критикува значајни имиња од Претставничкиот дом, Пелоси и Шиф, кои за него отворија истрага за отповикување.
Опишувајќи ја Пелоси како „нервозна“, а Шиф како „вртимушка“, Трамп рече дека ги знае лагите на Пелоси и Шиф што ги искажале пред Конгресот и американската јавност.
„Сето ова покажува дека нервозната Ненси е виновна за големи криминали и прекршоци, дури и за предавство на земјата, најмалку како Шиф. Мислам дека ова значи дека Пелоси и Шиф и сите други кои соработувале со нив треба да бидат разрешени“, напиша Трамп на Твитер.
- Истрагата за разрешувањето на Трамп -
Контроверзниот телефонски разговор меѓу Трамп и Зеленски во јули ги натера демократите во американскиот Конгрес да подигнат обвинение за разрешување на Трамп.
Се посочува дека Трамп во телефонскиот разговор од Зеленски побарал во Украина да се отвори истрага за синот на Џо Бајден, поранешниот заменик-претседател на САД. Трамп пак, тврди дека неговиот разговор со Зеленски бил целосно процедурален.
Се вели дека Трамп на украинскиот лидер му рекол дека ќе му помогне само ако започне истрага против Бајден и неговото семејство. По тоа тврдење демократите подигнаа обвинение за разрешување на Трамп.
Американскиот претседател Трамп пред телефонскиот разговор истакна дека е суспендирана помошта од 400 милиони долари за Украина.
Белата куќа го објави стенограмот од разговорот, тврдејќи дека разговорот нема никаква врска со помошта.