İslam Doğru
21 Септември 2019•Ажурирај: 22 Септември 2019
ЊУЈОРК
Ненси Пелоси, претседателката на Претставничкиот дом во американскиот Конгрес, истакна дека „во никој случај“ нема да поддржи можна воена интевенција врз Иран поради минатонеделниот напад врз нафтените објекти во Саудиска Арабија, јавува Anadolu Agency (AA).
Во интервјуто што Пелоси го даде за Националното радио (NPR), зборувала за убиството на новинарот Џемал Кашоги и престолонаследникот, принцот Мухамед бин Селман, истакнувајќи дека е против воена интервенција насочена кон Иран.
Пелоси, која е пратеник на Демократите од Калифорнија, во изјава вели „Стојат пред лице кое искасапи новинар, а неговите остатоци ги стопи во хемикалии. Не гледам никаква причина за заштита и одбрана на Саудиска Арабија. Од кој договор е овој дел?“.
Пелоси е уверена дека претседателот на САД, Доналд Трамп, нема да направи каков било чекор надвор од економските санкции, изјавувајќи „Не верувам дека претседателот Трамп ќе го нападне Иран. Знам дека во нашата земја нема апетит за влегување во војна.“
Коментарот на Пелоси дојде по изјавата на Мајк Помпео, шефот на американската дипломатија, дадена на 14 септември кога замина за Блискиот Исток со цел добивање меѓународна поддршка против Иран, кој се смета за одговорен за нападот врз нафтените објекти на „Сауди Арамко“ (Saudi Aramco).
Помпео, пред да слета во Ријад, во авионот на новинарите им повторил дека како одговорен за нападот врз нафтените објекти на „Сауди Арамко“ се смета Иран и за првпат тој напад го опиша како „причина за војна“.
На 19 септември и Трамп соопшти дека се воведени санкции кон иранската Национална банка поради нападот врз нафтените објекти во Саудиска Арабија.
Како потсетување, на 2 октомври 2018 година беше убиен саудискиот новинар Кашоги, новинар на американскиот весник „Вашингтон пост“ (Washington Post), по неговиот влез во Амбасадата на Саудиска Арабија во Истанбул, каде што сакал да извади документи за засновање брак.
Високиот комесаријат за човекови права при Обединетите нации (УНХЦР), во извештајот што го објави во јуни годинава, наведува дека Саудиска Арабија е одговорна за убиството на Кашоги, посочувајќи дека постојат сериозни докази за поведување истрага против високи челници на Саудиска Арабија, меѓу кои и престолонаследникот Бин Селман.