Muhammet Kurşun
21 Септември 2019•Ажурирај: 22 Септември 2019
ТЕХЕРАН (AA) - Иран изложи 10 беспилотни летала на Соединетите Американски Држави (САД), Израел и Велика Британија, запленети во различни периоди, и делови од „Глобал хавк“ (Global Hawk), кој беше срушен минатиот месец, јавува Anadolu Agency (AA).
„Глобал хавк“ е најнапредно беспилотно летало кое американските воздушни сили моментално го користат. Во рамките на Саемот во Техеран изложен е „Глобал хавк“ и уште 10 беспилотни летала. Посетителите можат да го погледнат и иранскиот воздушен одбранбен систем „Хордад-3“, кој го погоди американскиот дрон.
Али Асгар Џафери, директорот на Музејот на иранската револуција и одбрана, изјави дека на Саемот се изложени беспилотни летала на САД, Израел и на други земји, кои ги заплениле додека биле во функција.
Командантот Хусеин Селами изјави дека изложиле само еден мал дел од она што го поседуваат.