21 Септември 2019•Ажурирај: 22 Септември 2019
ХОНГКОНГ
Демонстрантите запалија кинеско знаме, а полицијата им пушти солзавец во текот на маршот во оддалечениот округ на Хонгконг во новите судири на антивладините протести, пренесува Anadolu Agency (AA).
Полицијата ги обвини демонстрантите дека во текот на маршот неколку илјади луѓе во округот Туен Мун ги прскале службениците со вода. Медиумите известија дека е забележано апсење на најмалку едно лице.
Саботниот марш беше и релативно мал во однос на демонстрациите, кои се одржуваат секој викенд од јуни оваа година.
Протестите во Хонгконг почнаа со противење поради предложениот закон за овозможување екстрадиција на кинеските власти, а потоа се проширија на барања за поголема демократија.