Emel Öz Gözellik
21 Септември 2019•Ажурирај: 23 Септември 2019
СОЛТ ЛЕЈК СИТИ
Во американската сојузна држава Јута, автобус со кинески туристи излетал од патот и удрил во безбедносната ограда. Во несреќата животот го загубија 4 лица, а 26 се повредени, јавува Anadolu Agency (AA).
Американските власти соопштија дека во близина на Националниот парк „Кањон Брус“, автобус со 30 кинески туристи излетал од патот, по што удрил во безбедносната ограда.
Во несреќата животот го загубиле 4 туристи, а меѓу 26-те повредени, 15 лица се во тешка состојба. Повредените се наоѓаат на лекување во локалните болници. Во соопштението се наведува дека во тек е истрага за откривање на причините за несреќата.