Dmitri Chirciu
21 Септември 2019•Ажурирај: 23 Септември 2019
МОСКВА (AA) - Во Москва синоќа свечено е отворен Меѓународниот фестивал „Круг на светлоста“. Во рамките на фестивалот во наредните денови на неколку локации во градот ќе бидат прикажани бројни светлосни инсталации, јавува Anadolu Agency (AA).
На отворањето во Москва присуствуваа илјадници луѓе. Приреден е и огномет. Фестивалот ќе трае до 24 септември.
Фестивалот, кој се одржува во руската престолнина од 2011 година, жителите на Москва го нарекуваат „ремек-дело на светлоста“, а покрај нив, значаен број туристи од бројни земји допатуваа во земјата за да присуствуваат на инсталациите на современата технологија, игрите на светлост и звуци и на тродимензионалното прикажување.
За потребите на овој фестивал тимовите од неколку земји ангажираа речиси 1.000 единици на светлосна опрема и техники за видеопроекции, а покрај светлосните инсталации на објектите планирано е ласерско шоу на вода.