Zuhal Demirci
18 Октомври 2018•Ажурирај: 19 Октомври 2018
АНКАРА (АА) - Министерството за надворешни работи на Република Турција ја предупреди соседна Грција да се држи подалеку од потезите кои ќе предизвикаат раст на тензиите во регионот, јавува Anadolu Agency (AA).
Синоќа на источниот дел на Средоземието турскиот брод „Barbaros Hayrettin Pasa“ започна сеизмолошки истражувања, по кое бродот на грчката морнарица се обиде да интервенира и во тоа утринава е спречен со реакција на турските поморски сили.
Турскиот брод истражувањето го започна претходно bo турскиот акваториум наменет за научни истражувања, а обидот за интервенија на грчката морнарица е во спротивност со меѓународните правни норми.
Турското Министерство за надворешни работи денес соопшти дека вчерашните критики на грчкото Министерство на работата на истражувачкиот тим се невтемелени.
„Грчкото истрајување во неточните тврдења не може да добие ништо освен загрозување на билатералните и регионални односи“, се наведува во соопштението на турското Министерство.
Во соопштнието исто така се наведува дека Турција ќе продолжи да ги користи правата кои на нејзина територија и ги гарантира меѓународното право.