Adel Omeragic
10 Февруари 2021•Ажурирај: 11 Февруари 2021
ПОДГОРИЦА (АА) - Црна Гора веќе две недели се наоѓа на прво место во Европа по бројот на нови случаи на заразени со Ковид-19 на 100.000 жители, меѓу 45 земји, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во текот на изминатата недела во Црна Гора се забележани 573,3 новозаразени на 100.000 жители, а меѓу првите десет земји со најлоша епидемиолошка состојба нема ниту една држава од регионот.
Растот на бројот на заразени во Црна Гора се бележи веќе со денови, а за денес е закажана вонредна конференција на Министерството за здравство и Инстутот за јавно здравје, каде ќе бидат соопштени нови мерки. Најавено е дека се очекува заострување на мерките.
Во последните две недели, од последици предизвикани од Ковид-19 во Домот за стари лица во Бијело Поље починаа десет лица.
Поради влошувањето на епидемиолошката ситуација и поради фактите дека Црна Гора сè уште не обезбедила вакцина против Ковид-19, опозицијата побара оставка од министерката за здравство, Јелена Боровиниќ Бојовиќ.