Балкан

Фрлена бомба на Рускиот конзулат во Атина

- Во експлозијата никој не е повреден, а предизвикана е помала материјална штета.

Ekipa  | 22.03.2019 - Обновена : 23.03.2019
Фрлена бомба на Рускиот конзулат во Атина

АТИНА

„На Рускиот конзулат во Атина фрлена е рачна бомба“, соопшти локалната полиција, пренесува Anadolu Agency (AA).

Во експлозијата никој не е повреден, а предизвикана е помала материјална штета.

Безбедносните камери снимија две лица на мотоцикл како фрлаат помал предмет на оградата која го опкружува Конзулатот. На местото на настанот е испратена деминерска екипа.

Полицајците го опкружија подрачјето околу Конзулатот, кој се наоѓа во предградието, северно од центарот на градот.

Истражувачите проверуваат дали делумно запалениот мотоцикл пронајден во центарот на градот е поврзан со инцидентот.

Грција има долга историја на напади врз симболите на државна моќ, богатство и странските дипломатии. Напаѓачите претежно подметнуваат помали експлозивни направи кои не предизвикуваат повреди.

Полициските службеници, кои не сакаа да го откријат идентитетот, за нападот ја сомничат левичарската милитантна група „Popular Fighters Group“, која презеде одговорност за нападите на телевизиската куќа и новинската редакција во декември.

Групата позната во Грција како ОЛА се смета одговорна за неколку бомбашки напади и пукања од 2003 година.

Припадниците на движењето порано ја нападнаа Резиденцијата на германскиот амбасадор во Атина, испалија ракети врз канцеларијата на продавач на автомобили, а поставуваа и бомби пред грчкото Здружение на стопанственици, банки и судници.

Ниту еден напад не предизвикал човечки жртви.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın