Bojana Stojanovic
22 Март 2019•Ажурирај: 24 Март 2019
БЕЛГРАД (AA) - На 54. Меѓународен саем на автомобили, како и на Меѓународниот саем на мотоцикли, квадови, скутери и опрема „Motopassion“, од денес до 31 март посетителите во Белград ќе можат да видат повеќе од 400 учесници од 30 земји, јавува Anadolu Agency (AA).
Посетителите можат да ги видат најновите модели на автомобили - мега моделот на Ролс-Ројс „Кулинан“, како и новитетите на Мерцедес, БМВ, Бритиш Моторс, Хонда, Тојота и други увозници и дистрибутери.
На тринаесеттото издание на Меѓународниот саем на мотоцикли, квадови, скутери и опрема, под слоганот „Ги гледаме патиштата на кои сè уште не поминавме“ претставена е најбогата понуда на мотоцикли на сите релевантни светски брендови.
Како што најавија организаторите, 48 премиери и 32 новитети за прв пат се на Белградскиот саем, а вкупно се присутни 35 автомобилски брендови и 11 брендови на произведувачи на полесни возила.
Во понуда се и нови технолошки решенија во областа на алтернативните погони, еколошкото усовршување или дизајнерските новини.
Се очекува дека овогодишниот Саем ќе го посетат повеќе од 145.000 посетители.