Furkan Abdula
09 Јули 2022•Ажурирај: 11 Јули 2022
СКОПЈЕ (АА) - Во Северна Македонија започна колењето курбани од страна на Турската фондација „Дијанет“ (ТДВ), јавува Агенција Анадолија (АА).
Колењето курбани беше реализирано во касапница во скопското село Студеничани, на кое присуствуваа и претставници на ТДВ.
Советникот за верски прашања при Амбасадата на Турција во Скопје, Мустафа Местен, во изјава за АА рече дека тие го извршуваат колењето курбани во име на други лица во организација на ТДВ.
„Како секоја година, и оваа година тука се наоѓаме заедно со претставниците на Турската фондација „Дијанет“ со цел реализирање на кампањата за колење курбани под мотото „Сподели курбан, зближи се со своите браќа“, рече Местен.
Тој нагласи дека распределбата на курбаните ќе се одвива во различни региони на Северна Македонија, пред сè во источниот дел на земјата.
Според него, целта е да се зајакнат братските врски меѓу верниците во Турција и Северна Македонија.