Fatjon Cuka
14 Февруари 2019•Ажурирај: 15 Февруари 2019
ТИРАНА (АА) - На денешната седница во Собранието на Албанија настанаа тензии откако беше фрлена боја кон премиерот на оваа земја, Еди Рама, јавува Anadolu Agency (AA).
Потпретседателот на Демократската партија на Албанија (ПД), а воедно и потпретседател на Собранието на оваа земја, Еди Палока, фрлаше боја кон премиерот Рама, предизвикувајќи тензии во пленарната сала.

Претседателот на албанскиот Парламент, Грамоз Ручи, по тензиите го исклучи од седница пратеникот Палока, но тој одби да ја напушти седницата, а потоа парламентарната седница беше прекината на неколку минути.
На дневниот ред на денешната седница беа дискусијата и гласањето за ратификација на Протоколот за членство на Република Северна Македонија во НАТО.
На денешната седница во Парламентот на Албанија беше присутен и претседателот на Собранието на Северна Македонија, Талат Џафери.