Балкан

Црна Гора: Протоколот за пристап на Северна Македонија во НАТО во Собранието

Владата на Црна Гора денес го утврди Предлогот на законот за потврдување на Протоколот на Северноатлантскиот договор за пристап на Северна Македонија и го упати до Собранието на усвојување по итна постапка

Adel Omeragic  | 14.02.2019 - Обновена : 15.02.2019
Црна Гора: Протоколот за пристап на Северна Македонија во НАТО во Собранието

Podgorica

ПОДГОРИЦА (АА) - Владата на Црна Гора денес го утврди Предлогот на законот за потврдување на Протоколот на Северноатлантскиот договор за пристап на Република Северна Македонија и го упати до Собранието на усвојување по итна постапка, јавува Anadolu Agency (AA).

Владата оваа одлука ја донесе на првата седница по стапување на сила на Преспанскиот договор.

„Ова е важен момент. Со задоволство ја искажуваме желбата нашата пријателска земја, процесот на членство да го заврши што поскоро и да стане 30. членка на НАТО“, е изјавата на премиерот Душко Марковиќ, што на социјалната мрежа Твитер го објави Владата на Црна Гора.

Марковиќ изјави и дека Црна Гора со овој чин ја потврдува досегашната поддршка на Македонија, која ќе биде додатен фактор за стабилноста на регионот и неговата евроатланска перспектива.

Членките на НАТО на 6 февруари го потпишаа Протоколот за пристап на Македонија во Алијансата.

По ратификацијата на Протоколот за пристап на Северна Македонија во парламентите на сите 29 земји членки на НАТО, оваа држава и официјално ќе стане полноправна членка на Алијансата.

Влегувањето на Северна Македонија во НАТО од 2008 година навака беше условено со решавање на спорот околу уставното име, проблем кој Македонија го имаше со Грција од стекнувањето на независноста во 1991 година.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.