Furkan Abdula
16 Декември 2020•Ажурирај: 17 Декември 2020
СКОПЈЕ
„Халкбанк" АД Скопје донираше брзи тестови за новиот вид коронавирус (Ковид-19) во вредност од 50.000 евра, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението објавено на страницата на „Халкбанк" на социјалната мрежа Фејсбук се наведува дека на барање на Инфективна клиника во Скопје донирале брзи тестови во вредност од 50.000 евра, за кои информираат дека изминатиов месец веќе биле ставени и во употреба.
„Важни се луѓето, а најважно е да се помогне кога најмногу треба. Се надеваме дека на овој начин ќе помогнеме во борбата која сите заеднички ја водиме“, се истканува во ова соопштение.
„Чувајте се, чувајте ги вашите најблиски и почитувајте ги мерките. Да се заштитиме и да бидеме безбедни“, се додава во соопштението на „Халкбанк" АД Скопје.