Ekipa
15 Декември 2020•Ажурирај: 16 Декември 2020
СКОПЈЕ (АА) - Во последните 24 часа во Република Северна Македонија од последици предизвикани од коронавирусот (Ковид-19) починаа 22 лица, со што билансот на починати од вирусот во земјата се искачи на 2.169, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во последното деноноќие регистрирани се 881 нов случај на Ковид-19, со што вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на епидемијата во земјата достигна 74.732.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 806 оздравени пациенти од Ковид-19, со што вкупната бројка на излекувани изнесува 50.852
Бројот на активни случаи на Ковид-19 изнесува 21.711.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се реализирани 2.902 тестирања за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 368.502 тестирања.