Muhammed Emin Canik,Sinan Doğan
15 Декември 2020•Ажурирај: 17 Декември 2020
БУЕНОС АИРЕС
Продолжува трендот на голем број смртни случаи предизвикани од новиот тип коронавирус (Ковид-19) во земјите од Латинска Америка, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во последните 24 часа од последиците предизвикани од Ковид-19 во Бразил починаа 433 лица, во Мексико 345, во Аргентина 275, во Колумбија 142, во Перу 77 и во Чиле 45.
Според податоците објавени од Министерството за здравство на Бразил, во последното деноноќие во Бразил починале 433 лица заразени со Ковид-19, со што вкупната бројка на лица што починаа од коронавирусот се зголеми на 181.835. Бројката на лица кај кои во последните 24 часа е детектиран Ковид-19 изнесува 25.193, зголемувајќи го вкупниот број позитивни на коронавирусот на 6.927.145.
По Соединетите Американски Држави (САД) и Индија, Бразил е трета земја во светот според бројката на лица позитивни на коронавирусот. Во оваа земја оздравеа 6.016.085 лица што претходно биле позитивни на Ковид-19.
- Мексико
Министерството за здравство на Мексико соопшти дека во последните 24 часа во земјата починале 345 лица заразени со коронавирусот, а детектирани се 5.930 новозаразени.
Во Мексико, со популација од 126 милиони жители, досега се регистрирани 114.298 смртни случаи, а вкупниот број лица позитивни на коронавирусот изнесува 1.255.974. Во оваа земја досега оздравеа 927.754 лица позитивни на Ковид-19.
Мексико се наоѓа на 13. место во светот според бројот на лица позитивни на Ковид-19.
- Аргентина
Министерството за здравство на Аргентина информираше дека во последното деноноќие починале 275 лица од последиците предизвикани од Ковид-19, со што вкупната бројка се зголеми на 41.041. Во истиот период детектирани се 5.062 новозаразени, со што вкупниот број лица позитивни на коронавирусот се искачи на 1.503.222.
Во Аргентина, која има 45 милиони жители, досега оздравеа 1.340.120 лица заразени со коронавирусот.
Иако Аргентина спроведе многу долг карантин како превенција од ширењето на коронавирусот, сепак оваа земја според бројот на лица позитивни на вирусот се наоѓа на 10. место во светот.
- Колумбија
Според информациите што ги објави Министерството за здравство на Колумбија, во последните 24 часа од Ковид-19 починале 142 лица, зголемувајќи го вкупниот број смртни случаи на 39.195.
Во последните 24 часа детектирани се 8.742 лица позитивни на коронавирусот, зголемувајќи го вкупниот број на заразени со вирусот на 1.434.516. Во оваа земја досега оздравеа 1.321.469 заразени со Ковид-19.
Колумбија, која брои популација од околу 50 милиони, е 11. земја во светот според бројката на заразени со Ковид-19.
- Перу
Според информациите што ги објави Министерството за здравство на Перу, во последните 24 часа починале 77 лица од последиците предизвикани од коронавирусот, а детектирани се 1.157 новозаразени.
Во оваа земја вкупниот број заразени се искачи на 986.130, починаа 36.754 заразени, а оздравеа 920.306 лица кај кои бил детектиран коронавирусот.
- Чиле
Министерството за здравство на Чиле соопшти дека во последните 24 часа починале 45 лица од вирусот Ковид-19, а има 1.911 новозаразени.
Во Чиле, со популација од над 19 милиони жители, бројката на починати од Ковид-19 изнесува 15.931, вкупната бројка на заразени се искачи на 573.830, додека оздравеа 546.538 лица претходно заразени со коронавирусот.