Fatjon Cuka
16 Декември 2020•Ажурирај: 17 Декември 2020
ТИРАНА (АА) - Полицискиот службеник во Албанија, Фадил Аларај, кој беше повреден пред неколку дена за време на протестите во Тирана, е испратен во Турција на лекување, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Аларај беше повреден во окото на 9 декември за време на протестите за смртта на младото машко лице кое почина откако беше повредено во текот на полициска потрага. Неговото испраќање го потврди премиерот на Албанија, Еди Рама, кој на социјалните мрежи објави и фотографија од моментот на испраќање на полицаецот на аеродром со турскиот амбулантен авион.
„Повредениот службеник на државата полиција, Фадил Аларај, е испратен во Турција каде што ќе подлежи на специјална интервенција на окото“, нагласи Рама, изразувајќи надеж дека по првата интервенција, на Аларај делумно ќе му се врати видот.
На аеродромот за време на испраќањето на Аларај во Турција беа присутни министерката за здравство и социјална заштита на Албанија, Огерта Манастирлиу, заменик-амбасадорката на Турција во Тирана, Оркиде Дениз Акјамач и началникот на Полициската дирекција на Албанија, Арди Велиу.
- Настанот во кој 25-годишното лице го загуби животот -
Клодијан Раша (25) во ноќта на 8 декември е застрелан од полицаец во текот на потрагата во време на полицискиот час воведен во рамките на мерките преземени против ширењето на коронавирусот (Ковид-19).
Според соопштеното, по повикот на полицијата да запре, лицето не го послушало повикот на полицаецот и се обидело да избега од полицијата, поради што полицијата започнала потрага по него. Како што се наведува, полициските службеници откриле дека лицето со себе носело огнено оружје.
Еден од полицајците, откако не успеал да го фати лицето, кон него отворил оган со службено оружје, при што 25-годишникот бил повреден, а потоа го загубил животот во болница.
Судот во Тирана ја изрече мерката притвор за полицаецот Невалд Хајдари, кого властите го обвинуваат дека во текот на службата во Тирана пукал во 25-годишното лице со службено оружје.