Husamedin Gina
08 Јуни 2021•Ажурирај: 09 Јуни 2021
СКОПЈЕ
Најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ денеска започна со блокада на раскрсници низ Северна Македонија со барање на јавноста не и биде покажан документот „Патоказ“, за кој, како што велат, преговараат премиерот Зоран Заев и специјалниот претставник на македонската влада, Владо Бучковски со официјална Софија, јавува Агенција Анадолија (АА).
Со повикот „Доста е, излези за Македонија“ ВМРО-ДПМНЕ денеска започна со блокирале на крстосници во Скопје и во девет други градови во земјата.
На блокадата кај Градска болница присуствуваше и претседателот на партијата, Христијан Мицкоски.
ВМРО ДПМНЕ соопшти дека блокадите се со едно единствено барање односно, Владата да го даде на увид на јавноста таканаречениот „патоказ“ за преговорите со Бугарија.
„Тука сме на улиците да го кренеме гласот, да побараме од власта да ни покаже што стои на масата, дали се преговара повторно за македонскиот идентитет, за нацијата, културата, јазикот. И каков е тој патоказ, договор или што и да е“, рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски.
Како што додаде, блокирањето на раскрсниците ќе продолжи секој ден од 15 до 17 часот, „се додека Владата не го покаже „патоказот“ за преговорите со Бугарија."
- Бугарија ја блокираше Северна Македонија на патот кон ЕУ
Потсетуваме, Бугарија на 17 ноември минатата година стави вето за почеток на преговорите за членство на Северна Македонија во ЕУ.
Во пресрет на одлуката за започнување на преговорите на Северна Македонија со ЕУ, во септевмри 2020 година, Бугарија им испрати на земјите членки на ЕУ објаснувачки меморандум, што се состои од шест страници, со долги историски образложенија за „државната антибугарска идеологија“ во Северна Македонија.
Софија бара поддршка од нив за нејзиниот став во врска со македонскиот идентитет и јазик.
Во меморандумот се вели дека земјите кандидати не треба да внесуваат отворени спорови во ЕУ, и дека се смета оти несогласувањата со Скопје претставуваат нерешен конфликт што „би можел при зачленувањето на Северна Македонија негативно да влијае врз носењето одлуки во ЕУ“.
На први август 2017 година помеѓу владите на Република Северна Македонија и Република Бугарија потпишан е Договорот за добрососедство, пријателство и соработка.
Според Договорот за пријателство, добрососедство и соработка од 2017 година, меѓу Македонија и Бугарија, формирана е Билатералната мултидисциплинарна комисија за историски и образовни прашања помеѓу Северна Македонија и Бугарија, што треба да постигне согласност за историографските факти и документи кои се однесуваат на заедничките историски настани и личности.
По ветото на Бугарија, Владата на Северна Македонија во декември минатата година го именуваше поранешниот премиер Владо Бучковски за специјален претставник за Бугарија, со цел надминување на отворените историски и идентитетски прашања помеѓу овие две земји.