Bojan Bednar
02 Септември 2022•Ажурирај: 05 Септември 2022
БЕЛГРАД (АА) - Министерот за надворешни работи и трговија на Унгарија, Петер Сијарто, истакна дека кризата во Украина покажа дека Западен Балкан дефинитивно ѝ е потребен на Европската Унија и дека доколку тоа зависи од Унгарија, регионот веќе би бил дел од Унијата, јавува Агенција Анадолија (АА).
Сијарто на Самитот на иницијативата „Отворен Балкан“ во Белград рече дека со создавањето на иницијативата се направени неопходните чекори кон интеграција во Европската Унија и дека е време Брисел да дејствува.
Истакна дека војната во Украина, нејзиното влијание врз економијата и разорната криза во снабдувањето со енергија, создадоа амбиент во Европа кој заврши со катастрофално слабеење на ЕУ.
„Вистина е дека лидерите на ЕУ не можеа да ги спречат луѓето во Европа да ја платат цената на војната за која не се одговорни. Во дадени околности веруваме дека можеме да избегнеме понатамошни проблеми и влијанието на војната“, рече Сијарто.
Додаде дека на Европа дефинитивно ѝ е потребен Западен Балкан и дека интеграцијата на земјите од регионот може да придонесе за европската безбедност во три аспекти - физички, снабдување со храна и енергенти.
Сијарто се заблагодари на Туркије за посредувањето при постигнувањето на Договорот за извоз на украинско жито, на Србија за заштита на границите од нови мигрантски движења, а особено укажа на важната одлука за изградбата на „Турски тек“.
Додавајќи дека Унгарија би била во неволја со снабдувањето со гас доколку со Туркије, Србија и Бугарија не го изградеше гасовод, Сијарто заклучувајќи дека во моментов тоа е единствената безбедна и сигурна рута за снабдување со гас.