Admir Fazlagic
21 Октомври 2020•Ажурирај: 22 Октомври 2020
СКОПЈЕ
Во Република Северна Македонија во последните 24 часа регистрирани се 641 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19), што е рекордна бројка на регистрирани случаи на овој вирус во земјава во едно деноноќие. Со ова вкупната бројка на регистрирани случаи со Ковид-19 се искачи на 24.836, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за здравство соопшти дека се починати 12 лица, со што вкупната бројка на починати од овој вирус во земјата се искачи на 862.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 233 оздравени пациенти од Ковид-19, со што вкупната бројка на оздравени пациенти изнесува 17.905.
Во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 6.069.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.688 тестирања, а досега во земјата се направени вкупно 226.612 тестирања на овој вирус.