Admir Fazlagic
10 Ноември 2020•Ажурирај: 12 Ноември 2020
СКОПЈЕ
Министерството за здравство на Република Северна Македонија соопшти дека во последните 24 часа од последиците од коронавирусот (Ковид-19) починале 30 лица, што е рекордна бројка на регистрирани смртни случаи од овој вирус во земјата во едно деноноќие, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Со ова, вкупната бројка на смртните случаи предизвикани од последиците на Ковид-19 во Северна Македонија се искачи на 1.186.
Министерството за здравство соопшти дека во последните 24 часа се регистрирани 947 случаи на Ковид-19, со што вкупната бројка на ковид дијагностицирани во земјата се искачи на 41.222.
Бројката на активни случаи на Ковид-19 во земјата изнесува 15.116.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3.042 тестирања на Ковид-19, Досега во земјата се направени вкупно 275.934 тестирања.