Admir Fazlagic
11 Ноември 2020•Ажурирај: 11 Ноември 2020
СКОПЈЕ
Земјотресот со јачина од пет степени по Рихтеровата скала е регистриран утрово околу пет часот во во епицентралното подрачје Тетово-Гостивар на 50 километри југозападно од Скопје, прнесува Агенција Анадолија (АА).
Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје соопшти дека земјотресот најсилно беше почувствуван од населението во Гостивар и Маврово со пет степени според Европската макросеизмичка скала, во Тетово и Скопје со четири, а во Битола, Прилеп и околината со три степени.
Земјотресот се почувствува и во Албанија и Косово.