Zylfije Adem Jakupi
10 Ноември 2020•Ажурирај: 11 Ноември 2020
ПРИШТИНА
На Косово во последните 24 часа починаа 5 лица од последици предизвикани од заразеност со Ковид-19, а регистрирани се 5.689 нови случаи на зараза со овој вирус, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според податоците на Националниот институт за јавно здравје на Косово, во последните 24 часа се тестирани 1.559 примероци, од кои 569 се позитивни.
Од февруари досега на Косово извршено е тестирање на 110.041 лице, од кои 25.388 биле позитивни на коронавирус, а животот го загубија 773 лица заразени со вирусот.
Во последните 24 оздравеа 136 пациенти, вкупно 16.362 од почетокот на пандемијата. Во моментов во Косово има 8.253 активни случаи на заразеност со коронавирус.