Bojana Stojanovic
10 Ноември 2020•Ажурирај: 11 Ноември 2020
БЕЛГРАД (АА) - Во Србија уште 14 лица починаа од последиците на Ковид-19 во изминатите 24 часа, а регистрирани се најмногу заразени до сега, односно 2.823 лица, јавува Агенција Анадолија (АА).
Вкупно се регистрирани 66.888 случаи на Ковид-19, а до денес се хоспитализирани 2.764 лица.
Од вчера, тестирани се 13.091 лица, од кои 2.823 се позитивни на Ковид-19.
Во истиот период, починаа 14 лица, со што бројот на досега починатите се зголеми на 915. Процентот на смртност изнесува 1,37 отсто.
Исто така расте бројот на пацинетите на респиратор, кој изнесува 126.
Досега тестирани се 1.442.642 граѓани.
Во установите за социјална заштита и домовите за сместување на возрасните и постарите, Ковид-19 е потврден кај 182 лица и 145 вработени.