Балкан, Коронавирус

Северна Македонија: Регистрирани 75 нови случаи на Ковид-19, починати 5 лица

Министерството за здравство соопшти дека се починати пет лица, со што вкупната бројка на смртни случаи во земјата, предизвикани од Ковид-19 се искачи на 505

Admir Fazlagic  | 04.08.2020 - Обновена : 05.08.2020
Северна Македонија: Регистрирани 75 нови случаи на Ковид-19, починати 5 лица

СКОПЈЕ

Во Република Северна Македонија регистрирани се 75 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19) со што вкупната бројка на регистрирани случаи со овој вирус во земјата се искачи на 11.202, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Министерството за здравство соопшти дека се починати пет лица, со што вкупната бројка на смртни случаи во земјата, предизвикани од Ковид-19 се искачи на 505.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 136 оздравени пациенти од Ковид-19. Со ова бројката на оздравени пациенти изнесува 7.108.

Во моментов бројот на активни случаи на Ковид-19 во Северна Македонија изнесува 3.589

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 830 тестирања на Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 106.877 тестирања на овој вирус.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın