Zylfije Adem Jakupi
04 Август 2020•Ажурирај: 06 Август 2020
ПРИШТИНА
На Косово според најновите информации починале 13 лица од последици на заразеност со Ковид-19, додека во истиот период се детектирани 225 новозаразени со коронавирусот, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во последните 24 часа тестирани се 477 примероци сомнителни на коронавирус, од кои 225 биле позитивни. Во општина Приштина е регистриран најголемиот број на новозаразени, вкупно 93.
Од почетокот на пандемијата на Ковид-19, во Косово тестирани се 38.342 лица од кои 9.274 биле позитивни, а 269 лица ги загубија животите од последици на заразеност со коронавирусот. Во последните 24 часа оздравеа 201 лице со што вкупниот број на оздравени се искачи на 5.190. Во моментов активни се 3.815 случаи.