Muhammed Emin Canik,Fuat Kabakcı
05 Август 2020•Ажурирај: 05 Август 2020
БУЕНОС АИРЕС / АНКАРА
Пандемијата на новиот тип на коронавирус (Ковид-19) во последните 24 часа е причина за смртта на 1.154 во Бразил, 857 во Индија и 857 во Мексико, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според податоците на Министерството за здравство на Бразил, во последните 24 часа како последица на заразеност со коронавирусот животот го загубија 1.154 лице, зголемувајќи ја вкупната бројка на починати на 95.819. Во истиот период детектирани се нови 51.603 случај на заразеност со Ковид-19, со што вкупната бројка на лица позитивни на коронавирусот во Бразил достигна 2.801.921.
Државата Сао Паоло, со популација од околу 46 милиони жители, која во исто време е и центар на трговијата во Бразил, претставува најпогоден регион во земјата со 575.589 заразени со коронавирусот и 23.702 смртни случаи.
Досега во земјата оздравеа 1.970.767 лица кои претходно биле позитивни на Ковид-19.
Бразил со население од над 211 милиони жители се именува како „епицентар на пандемијата“ во Латинска Америка.
- Индија
Министерството за здравство на Индија соопшти дека во последното деноноќие 857 лица починале како последица на заразеност со новиот тип на коронавирус, со што вкупниот број на смртни случаи во земјата се зголемил на 39.795.
Последните 24 часа детектирани се 52.509 лица позитивни на Ковид-19, зголемувајќи ја вкупната бројка на заразени на 1.908.254. Во Индија оздравеа 1.282.215 лица кои биле заразени со Ковид-19.
Според информациите објавени на интернет страницата „Worldometer“ која секојдневно ги ажурира информациите поврзани со пандемијата на коронавирусот во светот, Индија е трета земја во светот според бројот на детектирани случаи на заразеност со Ковид-19, по САД и Бразил.
- Мексико
Министерството за здравство на Мексико информираше дека во последнoто деноноќие од коронавирусот починале уште 857 лица, со што вкупниот број на починати во земјата се зголеми на 48.869.
Во Мексико во последните 24 часа се детектирани уште 6.148 нови случаи со Ковид-19, зголемувајќи го број на детектирани случаи во земјата на 449.961.
Досега во земјата оздравеа 300.254 лица.
Првиот случај со Ковид-19 во Мексико е регистриран на 28 февруари, а првиот смртен случај е забележан на 19 март.