свет, Коронавирус

Турција ќе испрати медицинска помош во Венецуела

- Договорот меѓу Турција и Венецуела за „донации во областа на здравството“ беше потпишан на 11 јуни во Анкара.

Merve Gül Aydoğan Ağlarcı  | 05.08.2020 - Обновена : 06.08.2020
Турција ќе испрати медицинска помош во Венецуела

АНКАРА

Турција ќе испрати медицинска помош во рамките на билатералниот договор, се вели во известувањето објавено во официјалниот Службен весник, јавува Агенција Анадолија (АА).

Договорот меѓу Турција и Венецуела за „донации во областа на здравството“ беше потпишан на 11 јуни во Анкара, се вели во извештајот.

Како „гест на пријателство и добра волја“, Турција ќе донира медицински материјали, вклучувајќи 25 респиратори, 100.000 хируршки маски, 50.000 маски од типот N95, 35,000 заштитни комбинезони, 200.000 ракавици и 40,000 комплети за тест.

Турција испрати медицинска помош во речиси 140 земји за да им помогне во борбата со пандемијата на Ковид-19.

Пандемијата на коронавирусот досега одзеде повеќе од 700.000 животи во 188 земји и региони од светот.

Над 18,5 милиони случаи на заразеност со Ковид-19 се пријавени во светот, а САД, Бразил, Индија и Русија во моментот се најтешко погодени земји, според податоците објавени од страна на американскиот универзитет Џонс Хопкинс.

Според овие податоци, повеќето од половината пациенти - над 11 милиони заразени закрепнале.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.