свет, Коронавирус

Во светот Ковид-19 детектиран кај повеќе од 18,7 милиони лица

- Од пандемијата на Ковид-19 најтешко се погодени САД со 4.918.420 заразени лица.

Fuat Kabakcı, Gökhan Varan  | 05.08.2020 - Обновена : 07.08.2020
Во светот Ковид-19 детектиран кај повеќе од 18,7 милиони лица

АНКАРА

Од почетокот на пандемијата, новиот тип на коронавирус (Ковид-19) е детектиран кај повеќе од 18,7 милиони лица во светот, јавува Агенција Анадолија (АА).

Порталот „Worldometer“ објавува ажуриран преглед на глобалната епидемиолошка слика од почетокот на пандемијата на коронавирусот. Според последните податоци, во светот досега се забележани 18.704.414 случаи на заразување.

Ширум светот од последиците на Ковид-19 починаа 704.370 лица. Оздравени се 11.017.000 пациенти кај кои е утврдено присуство на Ковид-19. Во светот моментално има 6.082.241 активни случаи на заразување со Ковид-19.

Со пандемијата на Ковид-19 најтешко се погодени САД со 4.918.420 заразени лица.

По САД, следуваат Бразил (2.808.076), Индија (1.908.254), Русија (861.423), Јужноафриканската Република (521.318), Мексико (449.961), Перу (449.890), Чиле (362.962), Шпанија (349.894) , Иран (314.786), Велика Британија (306.293), Пакистан (280.461), Саудиска Арабија (281.456), Италија (248.419) и Бангладеш (244.020).

Меѓу земјите кои бележат повеќе од 5.000 смртни случаи поврзани со Ковид-19 се САД, Бразил, Мексико, Велика Британија, Индија, Италија, Франција, Шпанија, Перу, Иран, Русија, Колумбија, Белгија, Германија, Канада, Чиле, Пакистан, Турција, Ирак, Индонезија, Холандија и Шведска.

Ковид-19 кон крајот на минатата година се појави во кинескиот град Вухан, а Светската здравствена организација (СЗО) на 11 март оваа година прогласи глобална пандемија на Ковид-19.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın