Балкан, Коронавирус

Северна Македонија: Регистрирани 62 новозаразени со Ковид-19, двајца починати

Министерството за здравство соопшти дека во изминатото деноноќие регистрирани се 2 смртни случаи од вирусот, со што билансот на починати од почетокот на епидемијата во земјата се искачи на 133

Husamedin Gina  | 31.05.2020 - Обновена : 01.06.2020
Северна Македонија: Регистрирани 62 новозаразени со Ковид-19, двајца починати

СКОПЈЕ (АА) - Во Северна Македонија, во последните 24 часа потврдени се 62 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19), со што вкупната бројка на дијагностицирани случаи со овој вирус во земјата изнесува 2.226, пренесува Агенција Анадолија (AA).

Министерството за здравство соопшти дека во изминатото деноноќие регистрирани се 2 смртни случаи од вирусот, со што билансот на починати од почетокот на епидемијата во земјата се искачи на 133.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 17 оздравени пациенти, со што вкупниот број на излекувани пациенти се зголеми на 1.552.

Во моментот бројот на активни случаи со вирусот во земјата изнесува 541.

Во последните 24 часа направени се 771 тестирања, со што во Северна Македонија реализирани се вкупно 29.575 тестирања на Ковид -19.

Северна Македонија започна со олабавување на мерките за спречување на ширењето на коронавирусот, а во вторникот беше целосно укинат полицискиот час.

Вчера, претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, ја продолжи за уште 14 дена вонредната состојба, што беше воведена на 18 март во рамките на борбата против ширењето на коронавирусот во земјата.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.