Emel Gözellik
31 Мај 2020•Ажурирај: 01 Јуни 2020
АНКАРА (АА) – Во Кина, во изминатите 24 часа откриени се 2 нови случаја на новиот вид коронавирус, Ковид-19, а во Јужна Кореја 27 нови случаи, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Кинеската национална комисија за здравство истакна дека во земјата во последните 24 часа се регистрирани 2 нови случаја со вирусот во покраината Шантунг.
Во соопштението се нагласува и дека излекувани се 2 лица од Ковид-19 и отпуштени од болница, а 565 лица кои биле во карантин поради сомневање дека го носат вирусот се пуштени.
Од Центарот за контрола и превенција на болести во Јужна Кореја соопштија дека во последните 24 часа се идентификувани 27 нови случаи на Ковид-19, претежно во главниот град Сеул.
Наведено е дека бројот на заразени со Ковид-19 во земјата е зголемен на 11.468. Во Јужна Кореја од коронавирусот починаа 270 лица.