Ekipa
20 Октомври 2021•Ажурирај: 21 Октомври 2021
СКОПЈЕ (АА) - Во изминатото деноноќие во Република Северна Македонија регистрирани се 487 нови случаи на коронавирусот, Ковид-19, со што вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на епидемијата во земјата достигна 198.156, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во истиот период пријавени се 15 починати лица од Ковид-19. Дополнително, согласно Регистарот на починати лица со дијагноза Ковид-19, пријавени се уште 5 починати лица со датум на смрт од 23.09. до 12.10.2021 година. Билансот на смртни случаи од вирусот достигна 6.998.
Институтот за јавно здравје регистрира 1.487 оздравени пациенти од Ковид-19, додека вкупната бројка на досега излекувани изнесува 185.459.
Во моментот, бројот на активни случаи со Ковид-19 е 5.699.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се реализирани 3.491 тестирање за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 1.351.460 тестирања.