Ekipa
23 Декември 2021•Ажурирај: 24 Декември 2021
СКОПЈЕ (АА) - Во изминатото деноноќие во Република Северна Македонија регистрирани се 269 нови случаи на коронавирусот, Ковид-19, со што вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на епидемијата во земјата достигна 222.333, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во истиот период пријавени се 7 починати лица од Ковид-19. Согласно Регистарот на починати лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин, пријавени се дополнително 8 лица, починати во периодот од 29.11-19.12.2021 година. Билансот на смртни случаи во земјата достигна 7.868.
Институтот за јавно здравје регистрира 353 оздравени пациенти од Ковид-19, додека вкупната бројка на досега излекувани изнесува 209.291.
Во моментот, бројот на активни случаи со Ковид-19 изнесува 5.174.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се реализирани 3.449 тестирањa за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 1.562.088 тестирања.