Abdula Berisha
08 Август 2020•Ажурирај: 09 Август 2020
СКОПЈЕ
Во Република Северна Македонија регистрирани се 200 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19), со што вкупната бројка на случаи со овој вирус во земјата се искачи на 11.754, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за здравство соопшти дека се починати 4 лица, со што вкпната бројка на смртните случаи предизвикани од овој вирус се искачи на 523.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 15 оздравени пациенти од Ковид-19. Со ова бројката на оздравени пациенти од овој вирус во земјата изнесува 7.622, додека во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.609.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.828 тестирања на Ковид-19. Досега во земјата се направени вкупно 113.619 тестирања на овој вирус.