Ihvan Radoykov
08 Август 2020•Ажурирај: 10 Август 2020
СОФИЈА
Антивладините протести во Бугарија влегоа во 30 ден а илјадници граѓани на улиците на Софија и на другите градови во земјата бараат оставка на премиерот Бојко Борисов и главниот обвинител Иван Гешев, јавува Агенција Анадолија (АА).
Демонстрантите се собраа пред зградата на Владата на Бугарија во Софија каде можат да се слушнат паролите Оставка, Мафија, Правда и демократија".
Демонстрантите потоа се упатија кон градските раскрсници од кои полицијата синоќа ги отстрани нивните шатори. Демонстрантите го блокираа сообраќајот и повторно подигнаа шатори, оставена е можност за поминување само на амбулантните возила.
Припадниците на Министерството за внатрешни работи презедоа високи безбедносни мерки пред зградите на институциите, но демонстрантите и понатаму на зградите фрлаат јајца, патлиџан и свински уши. Демонстрантите порачуваат дека нема да се откажат додека Владата не поднесе оставка.
Претседателот на Бугарија Румен Радев пружи поддршка на демонстрантите преку социјалните мрежи.
„Извршните тела кои избегнуваат политичка одговорност ги користат безбедносните сили против илјадници Бугари кои протестираат. Повеќемесечните протести ширум земјата сакаат да го запрат мафијашкиот систем во земјата, за што сведочат светските медиуми", порача Радев.